Ohrid Lake View со локација во населба Рача, 380м над Билјанини Извори , во мирен и тивок амбиент со панорамски поглед на Охрид од секоја соба, студио и апартман

Секоја соба со купатило студио за 5 €вра по лице со тераса и поглед на езеро и градот

Пријавување на гостите е после 11 часот, а одјавувањето е до 10 часот.

Ohrid Lake View е лоциран во Националниот Парк “Галичица“ сместен во пазувите на прекрасната планина Галичица сместена во срцето на прекрасната природа во југозападниот дел од Македонија, на одлична издигната позиција над Охридското Езеро, која е опкружена со автентична борова шума.

Ова е бисер на најпосакуваната туристичка дестинација за поминување на пријатен и незаборавен одмор во Охрид.

Сите соби имаат поглед кон Охридското Езеро и градот Охрид.

Собите се со мини фрижидери и чајна кујна со прибор.

Користите бесплатен паркинг простор.

Локацијата е на 700м надморска висина, инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 12 километри од аеродромот во Охрид.

Вистинскиот амбиент создаден само за вашите потреби и желби.

Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост.

На оддалеченост од 2.3 км од центарот на градот Охрид (7 мин. со автомобил, со пешачење 25 минути покрај шеталиште(кеј), со такси 150 денари во еден правец).

На оддалеченост од 1.500 м се популарните плажи: Cuba Libre, Kadmo, Buffalo beach, Bella Vista, Park (15 минути пешки = 5 минути со автомобил)

Овој совршен амбиент е надополнет со природата на Билјанини Извори каде се наоѓа ресторанот БЕЛВЕДЕРЕ (Билјанини Извори) на оддалеченост од 900 метри од Ohrid Lake View.

Маркети во околината: ТАМАРО= 1.300m, KAM=1.300m; Тинекс =1.400m; Миса-1.9 km; STOP SHOP=1.8km

Како добри домаќини, со природна насмевка и ненаметлива љубезност, со задоволство Ви стоиме на располагање 24 часа во денот, 365 дена во годината.

Уживањето е загарантирано!

Contact us now!

Контакт (+389) 70 55 65 78 to book directly or for advice
Email goce3d@yahoo.com